Ираола: Играчите сè уште се прилагодуваат на мојот стил на игра

Ливерпул денеска ќе игра против Тотенхем во натпреварот за третото коло од Карабао Купот. Тренерот Антони Ираола изјави дека во Ливерпул сите треба да прифатат дека додека играчите се прилагодуваат на неговиот стил на игра ќе има падови и подеми.
Шпанскиот тренер призна дека саботната вечер веројатно беше моментот кога се почувствувал најразочарано откако го замени Арне Слот ова лето, бидејќи резултатот (0-0 со Фулам) означи чекор назад во споредба со победите против Ипсвич и Атлетико.
“Го разбирам разочарувањето од тој момент, бидејќи и ние бевме разочарани. Доаѓавме по две добри натпревари и ги сметавме како чекор напред тие две победи. Затоа, сакавме ова да биде уште еден чекор напред. Но не, беше чекор назад”, рече Ираола.
“Мислам дека треба да прифатиме дека ќе има падови и подеми за време на овој процес, но јасно ни е каде сакаме да одиме. Повеќе кон тоа што го покажавме против Атлетико Мадрид и Ипсвич; тоа е стилот на фудбал што го сакаме”, додаде шпанецот.
Ираола продолжи: “Мислам дека сега клучот е континуитетот за играње на тоа ниво. Има играчи кои играат на секои три дена, немаат проблеми и се многу отпорни. Тие можат да го издржат тоа и нивните перформанси не се менуваат многу”.
“Има играчи каде што ризикот е поголем и перформансите се различни. Треба да разберам кој е подготвен да игра три или четири натпревари по ред секои 2-3 дена и кој има потреба од одмор за да не се наруши нивото на перформансите”, рече Ираола.



