SportM
Фудбал

Ираола: Ќе ја оцениме екипата на Ливерпул во јануари за можните промени на трансфер пазарот

SPORTM.mk16 сеп 2026
Ираола: Ќе ја оцениме екипата на Ливерпул во јануари за можните промени на трансфер пазарот

Тренерот Андони Ираола изјави дека ќе ја преоцени екипата на Ливерпул за време на јануарскиот трансфер период, бидејќи претходно се воздржуваше да коментира дали клубот има потреба од нов играч за средината на теренот за време на летото.

Ираола призна дека на екипата и недостасува „свежина“ и кога беше прашан дали на Ливерпул му недостасува играч за средина на теренот по летниот трансфер период, Ираола изјави за Sky Sports: „Мислам дека сега не е време да се вратиме назад и да ја разгледуваме трансфер политиката“.

Кога ќе се отвори јануарскиот трансфер пазар, ќе видиме каде сме. Имаме многу добри играчи и многу добра екипа. Треба да го најдеме рамнотежата и вистинските комбинации, за секој да изгледа уште подобро отколку што е во реалноста како играч“, рече шпанецот.

Понатаму, тренерот на Ливерпул додаде: „Ако не сме добро подготвени и ако не ги искористиме вистинските моменти, тогаш сите изгледаат полошо. Секој треба да даде малку повеќе.„

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.