SportM
Фудбал

Ираола во неволја, двајцата главни напаѓачи под знак прашалник за натпреварот против Сити поради повреди

SPORTM.mk8 окт 2026
Ираола во неволја, двајцата главни напаѓачи под знак прашалник за натпреварот против Сити поради повреди

Тренерот на Ливерпул, Андони Ираола, изрази сомнежи за можноста клучниот напаѓачки тандем, Александар Исак и Коди Гакпо, да биде во можност да игра против Манчестер Сити овој викенд во натпреварот од Премиер Лигата.

Двајцата играчи се вратија порано од ангажманите со репрезентациите на Шведска и Холандија, поради проблеми со мускулите на бутот и зглобот на ногата.

Така, покрај отсуството на Уго Екитике (кој има долготрајна повреда), Ираола ризикува да ги нема на располагање и двата главни напаѓачи за долгоочекуваното дерби во недела.

“Двајцата беа принудени да се повлечат од репрезентациите поради повредите. Сега прашање е дали ќе успеат да се опорават навреме за да ни помогнат во следниот натпревар или не. Но, за моментот, двајцата се повредени“изјави Ираола.

Натпреварот против Сити е најважниот во кариерата на Ираола во Ливерпул досега и, и покрај четирите победи и три нерешени, неговиот тим имаше тешкотии да ја постигне својата најдобра форма.

“Остануваме непоразени, но во Сити ги имаат добиено сите натпревари, што прави голема разлика во нивна корист. Мораме да бидеме исклучително добри ако сакаме да ги победиме, бидејќи тие постигнаа многу голови во последно време” рече Шпанецот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.