SportM
Фудбал

Ирските репрезентативци одбија да се ракуваат со Израел, еве што направија за време на химната (ВИДЕО)

Редакција28 сеп 2026
Ирските репрезентативци одбија да се ракуваат со Израел, еве што направија за време на химната (ВИДЕО)

Селекцијата на Ирска го совлада Израел со 3:0 во меч од Лигата на нации одигран во неделата на неутрален терен. Иако имаше претходно најави дека неколку фудбалери на Ирска побарале да не се игра мечот, поради геноцидот на Израел што го врши врз Палестинците, како еден вид бојкот, сепак тоа не се случи, пред се поради можни суспензии или казни од страна на УЕФА.

Но, на овој натпревар ирските фудбалери повторно го покажаа својот став. Имено, капитенот одби да се ракува со капитенот на Изрален на самиот почеток на мечот, туку се поздрави само со судиите, а немаше ниту ракување помеѓу останатите фудбалери. Ирците воедно носеа црни ленти на рацете, а на интонирањето на израелската химна сите ги наведнаа главите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.