Исповед на Мурињо за Абрамович: Интер-Челзи играв само за одмазда против него

Жозе Мурињо, главен лик во новиот документарец на „Нетфликс“ за неговата кариера, раскажа серија приказни од различни периоди на кариерата, меѓу нив и личната мисија за „одмазда“ против поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, кога неговиот Интер се соочи со лондонците во Лигата на шампионите во сезоната 2009-2010, годината на историскиот триплет:
„Искрено, во таа натпревар се борев против Роман. Не се борев против Челзи. Не се борев против играчите, се борев против него. Тој натпревар за мене беше неверојатен. Се борев против човек кој ме исфрли од игра, беше задоволство“.
За двете победи на Интер, 2-1 на „Сан Сиро“ и 0-1 на „Стемфорд Бриџ“, Мурињо додаде: „Се вратив дома среќен и тој беше тажен, бидејќи знам колку многу го сака Челзи и колку сака да победи. Всушност, ми требаше одмазда, затоа што фудбалот припаѓа на луѓе како мене. Другите се странци кои немаат врска со тоа. Фудбалот припаѓа на играчите, тренерите, навивачите. Фудбалот секогаш ќе ни припаѓа на нас“.
Но, што се случи помеѓу Мурињо и Абрамович? По пристигнувањето од Порто во 2004 година, Португалецот освои во првата авантура со Челзи две титули од Премиер лигата, една „ФА Куп“ и две Купови на лигата. Сепак, беше отпуштен во 2007 година, откако неговиот однос со Абрамович се влоши непоправливо.



