SportM
Други

Исповед на Сер Алекс Фергусон, лекарите му дале 20 проценти шанса дека ќе преживее, но тој се врати!

SPORTM.mk5 окт 2026
Исповед на Сер Алекс Фергусон, лекарите му дале 20 проценти шанса дека ќе преживее, но тој се врати!

Во 2018 година, по итна и деликатна операција на мозокот, лекарите му дадоа на Сер Алекс Фергусон само 20% шанси за преживување. Легендата на Манчестер Јунајтед го надмудри и овој пат предвидувањето и, по долга рехабилитација, се врати на „Олд Трафорд“.

Во интервју за „Би-Би-Си Брејкфаст“, Фергусон ја раскажа драмата на мозочното крвавење кое за малку ќе го чинеше живот: „Бев исплашен. Го изгубив гласот и не можев да зборувам. Беше страшен момент“.

По операцијата, Фергусон целосно ја изгуби способноста за зборување. „Се сеќавам кога внуците ми дојдоа во посета, а јас немав глас, не можев да зборувам. Повикаа терапевт, кој почна да ме тера да пишувам имиња на птици, животни, реки. На тој начин го повратив гласот“.

Поранешниот тренер се сеќава дека неколку пациенти кои беа во болницата во исто време не успеаја да преживеат. По многу долга рехабилитација, Фергусон го напушти болницата. Четири месеци подоцна, се врати на стадионот за да го следи Манчестер Јунајтед, каде беше пречекан со долготрајни овации од навивачите. Моментот ја трогна и неговата сопруга, Кети, која почина во 2023 година, на 84-годишна возраст.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.