SportM
Други

ИСТОРИЈА: Лина Ѓорческа е првата Македонка која ќе игра на Вимблдон (ВИДЕО)

Редакција25 јун 2026
ИСТОРИЈА: Лина Ѓорческа е првата Македонка која ќе игра на Вимблдон (ВИДЕО)

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја со пласман на главниот турнир на Вимблдон. Во последното квалификациско коло таа ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2:0 во сетови (6:1, 6:2). Победата ја оствари за само 73 минути игра. До историскиот успех стигна со три победи во квалификациите.

Бронцети беше 20. носителка и 127. тенисерка на ВТА-листата. Ѓорческа доминираше во текот на целиот меч и заслужено избори пласман. Ждрепката за главниот турнир на Вимблдон ќе се одржи утре.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.