Историја, прва победа во Лигата на шампиони на младински тим од Македонија

Фудбалерите на Брера Струмица со победа стартуваа во квалификациите во младинската Лига на шампиони, совладувајќи го на гостински терен првакот на Андора, Санта Колома, со 3-0 (0-0).
Македонскиот шампион доминираше од самиот почеток на натпреварот, а отпорот на противникот го скрши во вториот дел.
Бучков во два гола, во 57. и 80. минута ја навести победа на Брера, а триумфот го запечати Кулески во 87 минута.
Реваншот е на програмата на 14 октомври во Струмица.
Со овој триумф Брера е на чекор да испише историја и да стане првиот македонски клуб што ќе игра во втората квалификациска рунда во младионската Лига на шампиони, во која ќе има многу посилен ротивник во германски Хофенхајм.
Учинок на македонски клубови во младинската ЛШ низ историјата
Низ годините, неколку македонски екипи ја претставуваа државата во ова престижно натпреварување, со следниов биланс:
ФК Работнички (сезона 2025/26): Откако ја освоија титулата во домашното првенство, младинците на ФК Работнички дебитираа во Европа во есента 2025 година. Сепак, претрпеа висока елиминација во воведното коло од ирскиот претставник Шелбурн, губејќи со вкупен резултат од 12-1 (пораз 7-1 во Скопје и 5-0 на гости).
ФК Шкендија: Клубот од Тетово има најмногу искуство во ова натпреварување. Меѓу позабележителните резултати се издвојуваат:
- Во 2019 година беа елиминирани од гигантот Динамо Киев (пораз од 8-0 во Украина, но успеаја да извлечат респектабилно реми 2-2 на домашен терен).
- Во 2021 година беа елиминирани од хрватски Хајдук Сплит со два порази (0-2 во Тетово и 1-3 во Сплит).
ФК Вардар (сезона 2017/18): Младинците на Вардар во своето единствено учество во Лигата на шампионите се соочија со австрискиот РБ Салцбург (кој тогаш беше актуелен европски младински првак) и претрпеа два високи порази (0-1 кај нас и 4-0 на гости).
ФК Академија Пандев (сезона 2018/19): Пред ребрендирањето во Брера, Академија Пандев како дебитант се соочи со романскиот претставник
Виторул Констанца (тим предводен од легендарниот Георге Хаџи) и беше елиминиран по два порази.



