Италијанскиот сојуз донесе одлука, Пирло нема да биде селектор поради соработка со руска обложувалница!

Фудбалскиот сојуз на Италија (FIGC) донесе одлука Андреа Пирло да не биде нов селектор на италијанската репрезентација, иако претходно начелно беше постигнат договор.
Причината за оваа одлука е тоа што јавноста дозна дека Пирло ја извршува функцијата глобален амбасадор на руската обложувалница „Фонбет“, објави Фабрицио Романо.
🚨🇮🇹 Official: Andrea Pirlo appointment as new Italian national team head coach has been called off.
Federation president Malagò decides not to proceed with signatures due to Pirlo’s collab with a Russian betting brand. ❌ pic.twitter.com/0kym57dEz7
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 27, 2026
Паоло Малдини и Леонардо, технички директор и советник во FIGC, и покрај тоа сакале Пирло да стане селектор, но по долготрајни расправи, претседателот на FIGC, Џовани Малаго, донел одлука преговорите да бидат прекинати.
Малаго вчерашниот ден го поминал со правници, анализирајќи ја документацијата за договорот на Пирло со „Фонбет“, а на крајот го известил легендарниот Италијанец дека нема да биде постигнат договор.
Пирло утрово се огласи и истакна дека му пречи тоа што неговиот договор со „Фонбет“ се изедначува со негова поддршка за Русија, додавајќи дека во никој случај не ги дели истите морални вредности со властите на државата која врши агресија врз Украина.
Главни кандидати за нов селектор на Италија сега се Антонио Конте и Роберто Манчини.



