Connect with us

Фудбал

Италијанците му се јавија на Дарко Панчев пред мечот Интер-Црвена Звезда-Тоа беше грешка, ама грешите ако мислите дека ги мразам!

„Газета дело спорт“ направи интервју со Дарко Панчев, кој настапуваше за Интер, пред вечерашниот дуел помеѓу Интер и Црвена Звезда во рамките од ЛШ. Според него нероаѕурите се фаворити на овој меч.

„Ова ќе биде неизвесен и возбудлив натпревар, обично така е кога игра Интер, тоа е еден од најдобрите клубови во светот. За кого ќе навивам? Тоа е прилично јасно. За мене Звезда и Вардар се се. Не зборувам само за фудбал, но ги носев дресовите и на Интер и на Звезда, со различни резултати, но не е само моја вина“, изјави Панчев.

Не се прослави во дресот на италијанскиот тим, често беше оспоруван и критикуван.

„Грешите сте ако мислите дека Дарко Панчев е лут, огорчен или го мрази Интер. Тоа не е вистина. Тоа е голем клуб што го почитувам, не можам да ги обвинам за тоа како испадна се на крајот. Не сакам да се навраќам во тој период и кавгата со Бањоли“.