Ивановски се пласираше во полуфинале во двојки на турнирот во Загреб

Македонската комбинација Калин Ивановски и Амар Хусеиновиќ забележаа победа на денешниот четвртфинален дуел на М25 турнирот во Загреб, триумфирајќи над Пјотр Галус (Полска) и Факундо Тумоса (Аргентина) со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) за 75 минути игра.
Во првиот сет македонските тенисери направија брејк во 9. гем и поведоа со 6:4, а во вториот сет дојдоа до брејк во 5. гем за водство од 3:2 во гемови.
Противници во полуфиналето ќе им бидат победниците од мечот меѓу Саба Пурцеладзе (Грузија) и Павлос Циципас (Грција) против Петрос Циципас (Грција) и Елефтериос Неос (Кипар).
Утре четвртфиналните мечеви во поединечна конкуренција ќе ги играат Ивановски против третиот носител Хавиер Баранко Косано од Шпанија, кој со 2-0 во сетови го победи квалификантот Дориан Трембле (Франција). Македонскиот репрезентативец и првиот носител Олег Приходко ќе игра против Гркот Димитрис Сакеларидис, кој со 2-1 во сетови го совлада Грузиецот Саба Пурцеладзе. е



