SportM
Фудбал

Изненадувачкото летно засилување дебитира, Диоманде: Одамна го чекам овој прв гол со Реал

SPORTM.mk12 окт 2026
Изненадувачкото летно засилување дебитира, Диоманде: Одамна го чекам овој прв гол со Реал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Јан Диоманде, беше херојот за „белите” на последниот натпревар во Ла Лига. Тој го постигна голот за победа на натпреварот против Виљареал на „Бернабеу“, во победата на Реал од 1-0, којашто ја завршија со 10 играчи.

Тој зборуваше за медиумите, коментирајќи го својот прв гол со дресот на мадридскиот клуб: „Ова беше извонреден натпревар. Ние секогаш играме за победа и успеавме. Среќен сум за победата и за мојот прв гол тука.”

„Атмосферата на „Бернабеу секогаш е фантастична, вистинско задоволство е да се игра тука. Тоа е најубавиот стадион на светот и најголемиот клуб. Секогаш чувствувам голема емоција кога играм овде“, рече Диоманде.

За првиот гол со дресот на „белите“, тој рече: „Среќен сум. Одамна го чекам овој гол. Задоволен сум, и за себе и за тимот. Во таа позиција, мислам дека единствената можност беше да го контролирам топката, да се завртам и да шутирам.”

„Сега следува натпреварот од Лигата на шампионите против Рома. Навистина сум возбуден што ќе играм во Лигата на шампионите. Тоа е сон на секое дете и сум благодарен што можам да играм во неа со Реал Мадрид“, рече Јан Диоманде.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.