Израелски фудбалер погоден со снежна топка во главата, погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)
E R26 јан 2026

Израелскиот фудбалер Диа Саба беше погоден со снежна топка директно во главата за време на натпреварот од турската Прва лига меѓу Сиваспор и Амедспор.
Саба беше еден од најдобрите поединци на теренот, а играта ја напушти во 87. минута од натпреварот, кога беше заменет со Орхан Чекдар.
Потоа следеше реакција од домашните навивачи, кои го погодија со снежна грутка директно во главата, што може да се види во видеоприлогот кој се наоѓа во текстот. Тој се изнервира, сакаше да им врати на навивачите на ист начин, но сепак беше спречен и смирен од страна на клупскиот персонал.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



