Јапонскиот одбојкар Јуџи Нишида стана вирален поради својот чин на извинување за време на загревање пред натпревар, веднаш откако случајно ја погоди линиската судијка со топката.
Јуџи Нишида се загревал пред почетокот на All-Star одбојкарскиот натпревар во Јапонија, кога случајно со сервис ја удрил судијката во грб.
Бидејќи очигледно ја почувствувала силата на ударот, овој 26-годишен одбојкар инстинктивно реагирал, истрчал до неа и оставил ја публиката во чудо со својот чин на извинување.
Нишида претрчал половина терен, а потоа изведел величенствен лизгачки потег, фрлајќи го целото тело на паркето. Легнал на стомак и така поминал под мрежата, а потоа ѝ се извинил на судијката за ударот со топката.