SportM
Фудбал

Јилдиз успешно опериран, се враќа по 3 месеци

SPORTM.mk1 сеп 2026
Јилдиз успешно опериран, се враќа по 3 месеци

Напаѓачот на Јувентус, Кенан Јилдиз, вчера се подложи на хируршка интервенција. По повредата здобиена на натпреварот против Фрозиноне, турскиот напаѓач беше подложен на операција на левата нога и од денес ќе започне со рехабилитација.

Интервенцијата беше извршена во Аугсбург. Очекувањата се дека тој ќе биде надвор од терените приближно два до три месеци, при што Јилдиз има за цел да се врати во ноември. Медицинскиот билтен на клубот потврди успешност на операцијата на турскиот талент.

Вчера попладне, Јилдиз беше подложен на остеосинтезна хируршка интервенција за фрактура на основата на петтиот метатарзал на левата нога. Хируршката интервенција беше целосно успешна и играчот денес ќе го започне својот рехабилитациски програм“, соопшти клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.