Кошарка
Јокиќ со 48 поени направи подвиг што НБА лигата го чекаше 61 година и го постигна „најлудиот“ кош во кариерата (ВИДЕО)
Најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ само 24 часа откако против Вашингтон постигна 56 поени, одигра уште една блескава партија.
Во победата на Денвер над Атланта од 114:111, тој постигна 48 поени со 14 скока и осум асистенции и со тоа оствари подвиг што НБА го чека 61 година.
Тоа беше негов втор последователен натпревар со 45/10/5 цифри во клучните категории и е само втор во историјата на лигата што споил такви два натпревари. Пред него, само Вилт Чембрлен успеа во 1963 година.
Во овие 48 поени, српскиот кошаркар „вгради“ и феноменална тројка од центарот, што е негов „најлуд“ кош во кариерата. Меѓу останатите резултати ќе го издвоиме четвртиот сезонски пораз на Кливленд, од Мајами со резултат 122:113, додека Јусуф Нуркиќ не настапи во поразот на Феникс Санс од Орландо со резултат 115:110, ниту пак Лука Гарза чија Минесота беше поразена од Голден Стејт со резултат 114:106.