Connect with us

Фудбал

Јунајтед и Сити подоцна ќе започнат да ја играат новата сезона

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити нема да играат во првиот викенд од новата сезона во Премиер лигата.

Двете екипи на Манчестер добија 30 дена одмор од официјалните натпревари по завршувањето на сезоната во последните денови.

Сити беше исфрлен од четвртфиналето во Лигата на шампионите од Лион на 15 август, а само 24 часа подоцна Севиља го нокаутираше Манчестер Јунајтед од полуфиналето на Лигата на Европа.

Поради доцниот крај на официјалните натпревари, Сити и Јунајтед нема да играат на 12 и 13 септември кога ќе започне новата фудбалска сезона на Островот, но ќе ги одигра натпреварите од првиот круг неколку дена подоцна, најверојатно во средината на неделата.

loading...

Фудбалерите на Јунајтед, исто така, добија двонеделна пауза по поразот од Севиља, а ќе се вратат на тренинзите на почетокот од следниот месец.

И Сити и Јунајтед ќе одиграат неколку пријателски натпревари пред почетокот на сезоната, но според странските медиуми, има многу малку шанси тие да се сретнат со тим што не е од Англија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com