SportM
Фудбал

Јунајтед повеќе не го сакаше, ама во Италија блеска, Фиорентина до четвртото место на кирлјата на Де Хеа (ВИДЕО)

E R1 ное 2024
Јунајтед повеќе не го сакаше, ама во Италија блеска, Фиорентина до четвртото место на кирлјата на Де Хеа (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Голманот Давид Де Хеа, без сомнение, е еден од најзаслужните за серијата од четири едноподруго победи на Фиорентина во Серија А која во моментов е на четвртата позиција на табелата.

Имаше Де Хеа извонредни одбрани и на синоќешниот дуел против Џенова на кој Фиорентина славеше со 1-0, а спасувајќи го својот тим во последните минути. Во моментов е прв на листата по процент на успешни интервенции (82%), а има по 4,1 одбрани по натпревар. Де Хеа одбрани и два пенали, а три пати ја зачува мрежата во дресот на Фиорентина. Синоќа е прогласен за играч на мечот.

Интересно, Де Хеа беше ослободен од Манчестер јунајтед, како непотребен за тимот, па замина како слободен агент, по што сега во Фиорентина отворено ги демонстрира своите квалитети.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.