Јувентус и Милан ја започнуваат трката за „непосакуваниот“ на Флик во Барселона

Имајќи предвид дека стана трет избор во Барселона, откако Ханси Флик повеќе ги преферира Жоао Кансело и Чави Еспарт на левата страна на одбраната, се очекува Алехандро Балде да замине за време на јануарскиот преоден рок од Барселона.
Шпанскиот бек беше споменуван и за време на летото за можен трансфер, но шансите тоа да се случи во јануарскиот преоден рок се многу големи. Покрај интересот од клубовите од Премиер лигата, во трката за шпанецот влегоа и два големи клуба од Серија А, Јувентус и Милан.
Тековниот договор на Балде со Барселона истекува на 30 јуни 2028 година. Неговата моментална пазарна вредност според Трансфермаркт е 50 милиони евра. За разлика од клубовите од Премиер лигата, кои се подготвени да ја платат оваа сума, Јувентус и Милан претпочитаат повеќе позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.



