Јувентус и Милан тргнаа во напад за Бруно Фернандеш, Португалецот има клаузула за заминување

Според BBC, Јувентус и Милан, заедно со Галатасарај, се заинтересирани за капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Во договорот на португалскиот играч за врска постои клаузула за заминување од 57 милиони фунти (околу 66 милиони евра), која важи за странски клубови.
Бруно Фернандеш влегува во последната година од договорот, кој истекува во летото 2027, со опција за уште една сезона. Досега не е постигнат договор за обновување. Сепак, според англиските медиуми, желбата на Фернандеш е да остане во Манчестер Јунајтед, дури и до крајот на кариерата. Тој сака да се бори за трофеи со клубот.
Ситуацијата може да се промени поради политиката на Јунајтед за намалување на трошоците за плати. Заминувањето на капитенот од 31 година би му создало на клубот финансиски простор. Од друга страна, тренерот Мајкл Керик нема намера да се откаже од Бруно Фернандеш. Капитенот останува еден од најважните играчи на тимот, но Јуве, Милан и Галатасарај внимателно ја следат состојбата.



