Јувентус во проблем со повредите, црно-белите ќе направат задолжителен трансфер
SPORTM.mk22 сеп 2026

Повредите прават многу проблеми на Јувентус оваа сезона. Црно-белите имаат неколку повредени играчи моментално. На листата се додаде и резервниот голман, Камил Грабара, кој претрпе кинење на вкрстениот лигамент што ќе го задржи надвор од терените подолг временски период.
Токму поради оваа причина, црно-белиот клуб размислува за итен трансфер на голманската позиција, иако трансфер периодот е одамна завршен. Спорт Медиасет открива дека Јувентус ги разгледува два голмани кои во моментов се слободни и без договор.
Првиот е Бразилецот Нето, кој претходно беше дел од Јувентус две сезони. Вториот е Серхио Рико, поранешен голман на ПСЖ.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



