Кошарка
Јужен Судан играше во транс против американскиот „дрим тим“, погледнете за колку не го срушија (ВИДЕО)
Подготовките за Олимписките игри во Париз влегуваат во самиот крај, а синоќа кошаркарите на Соединетите Американски Држави и Јужен Судан ни понудија вистинска забава и драматичен крај кој сепак отиде на страната на „Дрим тимот“ со резултат 101:100. Силните американски ѕвезди, кои во Париз одат како први фаворити на турнирот, не воодушевија синоќа. Напротив, кошаркарите на Јужен Судан, кои дебитираат на Олимписките игри, за малку ќе ги срушаеа сите оние американски кошаркарски ѕвезди кои одат во Париз.
South Sudan was THIS close to pulling one of the biggest upsets in basketball history pic.twitter.com/CYWZ1ONS7F
— Jomboy Media (@JomboyMedia) July 20, 2024
Суданците имаа водство во текот на целиот натпревар. Во некои моменти изнесуваше и огромни 16 поени предност, па се алудираше на едно од најголемите изненадувања во историјата, без разлика што се работи за прелиминарен натпревар.
Последните поени од натпреварот ги постигна Леброн Џејмс за водство и победа на САД. Сепак, на Јужносуданците им останаа уште осум секунди за напад и шут, а имаа шанса од два обида. Карлик Џонс го промаши првиот шут за победа, а потоа неговиот соиграч Нуни Омот фати офанзивен скок и имаше два шута, и двата ги промаши.
Многумина на социјалните мрежи протестираа дека Омот бил фаулиран и судиите му ја одзеле победата на Јужен Судан, но на крајот таа заврши со резултат 101:100 за САД. Леброн Џејмс ги предводеше Американците до победата со 23 поени, по шест скока и асистенции, додека Ентони Дејвис додаде 15, а Џоел Ембид 14.