Каков гест на Јордан, ја средија соблекувалната, а на крајот оставија колачи и подарок со порака (ВИДЕО)
Редакција24 јун 2026

На официјалниот сајт на ФИФА е објавено видео од соблекувалната на селекцијата на Јордан, по мечот со Алжир. Иако загубија со 2:1, сепак тоа не ги спречи да направат фантастичен гест. Ја исчистија соблекувалната, а на масата оставија колачи и подарок, како приврзок и други реквизити со нивните обележја, со напишана порака.
-Ви благодариме што со вашето гостопримство направивте првото учество на Јордан на Светско првенство да биде незаборавно. Како мал гест, сакаме да споделиме со вас традиционални колачи од Јордан, стоеше во пораката.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



