Connect with us

Кошарка

Каков Леброн? Страшен Леброн (ВИДЕО)

Кошаркарите на Соединетите Американски Држави остварија уште една тесна победа на подготовките за Олимписките игри, против Германија (92:88), а херој на Американците беше Леброн Џејмс кој одигра страшна завршница.

Пред неколку дена Американците едвај се извлекоа против Јужен Судан, а беа блиску до пораз во мечот со Германија, кој Леброн Џејмс на крајот го реши со сјајна завршница. Имено, во последните четири минути Германците влегоа со водство од 82:81, но потоа на сцена стапи „Кралот“. До крајот на мечот сите поени за Американците ги постигна Леброн, вкупно 11, додека од друга страна, Германците постигнаа шест, па светскиот шампион мораше да го положи оружјето пред најдобриот стрелец во историја на НБА.