Connect with us

Други спортови

Каков спортски ден и финалиња: Ѓоковиќ против Алкараз, Шпанија против Англија, а Аргентина против Колумбија

Љубителите на спортот оваа недела можат да уживаат во три големи финалиња. Спортското попладне почнува со финалето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлоз Алкараз, кој се игра во 15 часот, а продолжува вечерва во 21:00 часот со финалето на ЕУРО 2024 помеѓу Шпанија и Англија. Големите финалиња за денеска ќе бидат заокружени со пресметката помеѓу Аргентина и Колумбија за пехарот на Копа Америка, дуел кој започнува 02 часот по локално време, ноќта кон понеделник.