Connect with us

Фудбал

Каква карма, со голманот дадоа гол за пласман во плејофот против Реал, а сега Бенфика и Мурињо пак ќе играат со „Кралевите“

Во седиштето на УЕФА денеска беа извлечени двојките за 1/16 финалето од Лигата на шампионите. Европскиот првак ПСЖ за ривал го доби францускиот претставник Монако, додека Реал Мадрид ќе има шанса за „одмазда“ бидејќи за ривал ја има Бенфика. Двојките од оваа рунда се:

Монако – ПСЖ

Бенфика – Реал Мадрид

Карабах – Њукасл

Бодо/Глимт – Интер

Галатасарај – Јувентус

Борусија Дортмунд – Аталанта

Бриж – Атлетико Мадрид

Олимпијакос – Баер Леверкузен

Првите натпревари ќе се играат на 17 и 18.февруари, а реваншите на 24 и 25.февруари.

Пласман во осминафиналето директно обезбедија: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити, кои групната фаза ја завршија на првите осум позиции.