Каква вест од Шпанија – „Ел Класико“ во трката за потписот на Родри!

Барселона продолжува со планот да го ангажира светскиот шампион Родри од Манчестер Сити, откако играчот дал зелено светло за трансферот, пренесува Жерар Ромеро од „Хихантес“.
Барселона стапила во контакт со претставниците на Родри, како и со Манчестер Сити, за да го изрази својот интерес, откако преговорите на фудбалерот со Реал Мадрид влегле во ќор-сокак. Според Ромеро, Родри ја прифатил идејата да му се приклучи на каталонскиот клуб по директниот разговор со тренерот Ханси Флик.
💣 EXCLUSIVA @JijantesFC ☎️
🚨🚨🚨 RODRI ELIGE EL BARÇA 🔥🔥🔥
El mediocampista ha dado el OK al proyecto de Hansi Flick
El Barça se prepara para abordar el fichaje del Balón de Oro pic.twitter.com/zcBIU21bxF
— Jijantes FC (@JijantesFC) August 6, 2026
Клубот сега подготвува официјална понуда за капитенот на шпанската репрезентација и освојувач на „Златната топка“ на Светското првенство, а од Манчестер Сити наводно дале до знаење дека се подготвени да преговараат за сума од околу 60 до 70 милиони евра.
Барселона сака што е можно побрзо да го реализира трансферот на Родри, за потоа повторно целосно да се насочи кон ангажманот на Хулијан Алварез, кој е главна цел на клубот за засилување во нападот.
Доколку овие информации се покажат точни, разврската околу евентуалниот трансфер на Родри би можела да следува во блиска иднина.



