SportM
Фудбал

Какво е ова тврдење: Рајзигер имал подобра кариера од Чави!

Редакција24 авг 2026
Какво е ова тврдење: Рајзигер имал подобра кариера од Чави!

Роберт Маскант смета дека поранешниот фудбалер Мајкл Рајзигер имал подобра кариера од Чави, кој инаку е еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња.

Пред две недели, Холандскиот сојуз го именуваше Чави за наследник на Роналд Куман на селекторската позиција во репрезентацијата на Холандија. Фудбалскиот сојуз претходно разговарал со Рајзигер за оваа функција.

На крајот, работата му припадна на Чави, а Маскант воопшто не го разбира воодушевувањето околу Шпанецот, пренесува „Goal“.

„Сите се согласуваме со изборот на Чави бидејќи имаше толку голема играчка кариера, но Рајзигер можеби имаше дури и многу подобра кариера“, започна Маскант во подкастот на „Sportnieuws“.

Ова тврдење го шокираше и водителот, а Маскант продолжи да ги објаснува своите ставови.

„Мораме да престанеме да ги оценуваме тренерите врз основа на нивната играчка кариера. Она што исто така го сметам за проблематично, и што ме шокираше, е тоа што тој зборува толку лош англиски“, продолжи Маскант за Чави.

„Тоа би ми било многу чудно од аспект на комуникацијата. Барањето е да можете да комуницирате со својот тим. Можеби тројца играчи зборуваат шпански, но тогаш исто така можевте да го ангажирате и Рајзигер, бидејќи тој зборува шпански исто толку добро“, заклучи тој.

Да потсетиме, Чави во текот на својата играчка кариера осум пати ја освои титулата шампион на Шпанија. Четири пати ја освои Лигата на шампионите, а во 2010 година стана и светски шампион.

Рајзигер еднаш ја освои Лигата на шампионите, со Ајакс, а двапати беше шампион на Шпанија. Со репрезентацијата на Холандија не освои ниту еден трофеј.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.