Калулу: Ако Јувентус го споредиме со филм, би бил 007…

Одбранбениот играч на Јувентус, Пјер Калулу, зборуваше за новата сезона и „црно-белите“ во интервју за „Ла Стампа“, споредувајќи го клубот со познат филм: „Ако Јувентус беше филм? Би бил ‘блокбастер’, тоа е сигурно. Го најдов…, би бил 007. Не е важно кој филм, изберете вие. Јувентус би бил Џејмс Бонд, бидејќи Џејмс Бонд секогаш останува Џејмс Бонд и луѓето секогаш ќе го гледаат. Знаат дека, без оглед на се, тој е херој. Исто така, заради стилот“.
За тренерот Лучијано Спалети, Французинот рече: „Мислам дека е голема предност за сите. Со неговиот начин на работа и гледање на фудбалот, кога имаш повеќе време да ги објасниш работите, без притисок од утрешниот натпревар, секогаш е позитивно и за оној што учи и за оној што те учи“.
Што се однесува до целите, Калулу беше јасен: „Сакаме да бидеме подобри од минатата сезона, дури многу подобри. Знаеме дека она што го постигнавме не беше доволно. Мора да бидеме мотивирани и полни со енергија, но исто така и скромни и секогаш да се сеќаваме што може да се случи“.



