SportM
Фудбал

Камавинга се огласи по црвениот картон

Редакција10 апр 2025
Камавинга се огласи по црвениот картон

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга се огласи на социјалните мрежи откако заработи исклучување на мечот со Арсенал.

„До сите Мадридисти, мојата фрустрација ме надмина на крајот од натпреварот и за тоа сакам да се извинам. Мора да продолжиме да веруваме и ќе ни требате во реваншот. Сите заедно! До крајот! Хала Мадрид!“ напиша францускиот играч за врска.

Реваншот се игра во Мадрид на 16 април од 21:00 часот, а ќе видиме дали Реал ќе успее да ја надополни  големата негатива од 3:0.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.