Камавинга се огласи по црвениот картон
E R10 апр 2025

Фото: tv21m
Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга се огласи на социјалните мрежи откако заработи исклучување на мечот со Арсенал.
„До сите Мадридисти, мојата фрустрација ме надмина на крајот од натпреварот и за тоа сакам да се извинам. Мора да продолжиме да веруваме и ќе ни требате во реваншот. Сите заедно! До крајот! Хала Мадрид!“ напиша францускиот играч за врска.
Реваншот се игра во Мадрид на 16 април од 21:00 часот, а ќе видиме дали Реал ќе успее да ја надополни големата негатива од 3:0.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



