Капитенот и најголема ѕвезда на Иран, Тареми: Ова не е нормално!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Иран Мехди Тареми изјави дека настапот на Светското првенство претставува предизвик за неговиот тим поради бројните тешкотии со кои се соочиле поради војната со една од земјите-домаќини на натпреварувањето, САД.
Иранските фудбалери допатуваа во недела во Лос Анџелес од тренинг-базата во Тихуана, која се наоѓа на 225 километри од границата со САД.
Иран ќе игра во ноќта помеѓу понеделник и вторник во 3 часот по средноевропско време против Нов Зеланд, прв натпревар на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Meanwhile Listen to What Iran's National Team Captain Said
Mehdi Taremi:
Our intention in participating in the World Cup is to make all Iranians across the world happy. https://t.co/SZLOQCHanc pic.twitter.com/RiYEGT6cSx— Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) June 15, 2026
Откако започна војната меѓу САД и Израел против Иран, тренинг-базата на иранскиот тим беше преместена од Тусон во Мексико, па тимот имал бројни тешкотии во организацијата, вклучувајќи и проблеми со визи.
„Ја почувствував тензијата од првиот момент кога дојдовме на Светското првенство. На секој турнир каде што има тензија, нема да го имаме истото прекрасно искуство за кое секогаш зборуваме со мир и радост. Знам дека не сме само ние. Знам дека неколку земји имаа проблеми со визи и дека ги менуваа тренинг-камповите. Пред да пристигнеме, чувството што луѓето обично го имаат кога се радуваат на Светското првенство, мислам дека овојпат го немаа“, изјави Тареми.
„Овој вид на тензија ја поткопува таа радост и пораката на ФИФА и на нашиот народ, а тоа е дека фудбалот носи мир. Мислам дека ова Светско првенство можеше да обезбеди подобра атмосфера отколку што е сега, но се надевам дека во иднина ќе биде подобро за сите навивачи, без разлика кој тим го поддржуваат на Светското првенство“, наведе тој.



