Карик на тенка линија, Манчестер Јунајтед гледа Италијанец за негова замена

Манчестер Јунајтед не ја започна воопшто добро новата сезона во Премиер лигата, каде што има само 4 бодови во првите 4 кола, една победа, едно реми и два порази. Последниот е во дербито против Манчестер Сити.
Доколку ситуацијата продолжи вака, Манчестер Јунајтед ќе се раздели со тренерот Мајкл Карик. Кориере дела Сера открива дека раководството на „Црвените Ѓаволи“ го има зацртано Антонио Конте како главен кандидат, во случај на разрешување на Карик.
Конте е без работа откако се раздели по договор на крајот од претходната сезона од водството на Наполи. Се шпекулираше многу за него во текот на овие месеци за преземање на репрезентацијата на Италија, но на крајот беше избран Роберто Манчини.
За Конте би било враќање во Премиер лигата, бидејќи претходно го водеше Челзи, каде што го освои и шампионскиот наслов, а и Тотенхем.



