Карик: Не ме загрижува поразот од Милан, ќе бидеме подготвени за Премиер лигата

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, зборуваше пред медиумите по завршувањето на подготовките. „Црвените ѓаволи“ беа поразени 4-2 од Милан во последниот пријателски натпревар, но овој резултат не го загрижува тренерот Карик, кој вети дека тимот ќе биде подготвен за дебито против Хал Сити.
„Разочарани сме од она што се случи во последниот пријателски натпревар, бидејќи не игравме добро. Ова значи дека постојат причини за тоа и мора да се подобриме. Некои од момците ги играа своите први минути. Различни причини, но без изговори. Не игравме многу добро”, рече Карик.
„Сепак, не сум загрижен и вообичаено сме подготвени за сезонското деби во Премиер лигата. Многу од момците ќе бидат подобри. Направивме многу работа на тренинг теренот, перформансите на натпреварите беа многу добри. Уште сме со добро расположение пред наредната недела”, додаде Карик.
На крајот, тренерот на Манчестер Јунајтед изјави: „Имаме добар тим. Има одлуки што треба да се донесат. Имаме уште една недела тренинг за да се подготвиме за следната недела. Има сосема различно чувство кога е првиот лигашки натпревар од сезоната. Ќе бидеме таму подготвени за да победиме.“



