SportM
Фудбал

Карлос Аугусто со бројки од напаѓач: За голот трчав како никогаш порано! Договорот? Разговараме, останете смирени…

SPORTM.mk22 окт 2026
Карлос Аугусто со бројки од напаѓач: За голот трчав како никогаш порано! Договорот? Разговараме, останете смирени…

Со 4 голови во Серија А и Лигата на шампионите, Карлос Аугусто е вториот најдобар стрелец на Интер оваа сезона, по Лаутаро Мартинез. „Победата против Шахтјор беше многу важна. Покажавме дека знаеме да страдаме. Поминав низ најдобриот момент од моето доаѓање во Интер. За голот трчав како никогаш порано“, – изјави Бразилецот по натпреварот.

За обновата на договорот, тој додаде со хумор: „Разговараме, останете смирени“.

„Не знам дали заслуживме 100% победа, но дадовме се од себе“, – рече Николо Барела по првиот сезонски успех на Интер во Лигата на шампионите, против Шахтјор. „Играме убаво, но денес ни требаше да ја конкретизираме играта. Бевме со грб до ѕидот и требаше да направиме нешто. Лигата на шампионите е сон и ќе се обидеме да го претвориме во цел“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.