Катастрофа, ФИФА дозволи на Американците да диригираат кој да суди на Светското првенство
Редакција9 јун 2026
Сомалискиот судија Омар Абдулкадир Амар нема да учествува на Светското првенство бидејќи не добил виза за влез во САД. И покрај тоа што е долгогодишен судија со ФИФА значка, и е најдобриот африкански судија, американските власти му го одбиле влезот во земјата. Од ФИФА соопштија дека нема да се мешаат во одлуките за издавање визи на земјата домаќин. Според организацијата, конечната одлука за влез во државата ја носат надлежните власти на домаќинот. Поради тоа, Артан нема да може да суди на Мундијалот 2026 во САД, Мексико и Канада.
-ФИФА може да потврди дека судијата Омар Абдулкадир Артан нема да биде во можност да суди на Светското првенство 2026, бидејќи му е одбиен влез во Соединетите Американски Држави“, се наведува во соопштението на ФИФА во кое се покажува големо разбирање за ваквата одлука на САД.