Други спортови
Катастрофа во Париз, спортистите за јадење добиваат паштета и сирење, хрватскиот селектор фрустриран
Хрватскиот ватерполо селектор Ивица Туцак отворено ги критикуваше организаторите на Олимписките игри по првиот натпревар на турнирот и победата над Црна Гора од 11:8. Туцак беше задоволен од настапот на Хрватска и победата над силниот ривал, но ги критикуваше организаторите за храната што им ја обезбедија на спортистите во Олимпиското село.
„Има многу малку одмор. Ајде сега да одиме да јадеме нешто во Хрватската куќа, бидејќи храната во олимпиското село е катастрофална. Некаде кога ќе завршат Олимписките игри, ќе дадам свој осврт за се, но засега сум фокусиран на натпреварите. На спортистите им даваат паштета и сирење, а ако тоа треба да го јадат тогаш не знам што е поентата на сето тоа, изјави за хрватските медиуми селекторот на ватерполо репрезентацијата.