SportM
Фудбал

Ќе се врати ли во Барселона или ќе продолжи во Ливерпул? Одговорот на Араухо

SPORTM.mk20 окт 2026
Ќе се врати ли во Барселона или ќе продолжи во Ливерпул? Одговорот на Араухо

Трансферот на Роналд Араухо од Барселона во Ливерпул беше несомнено едно од најголемите изненадувања на последниот трансфер период. За разлика од Барселона, каде беше потполно во сенка, Араухо изгледа дека оживеа во Ливерпул. Уругваецот досега одигра 647 минути, запишувајќи еден асист и еден гол.

Во пресрет на дуелот на Ливерпул во Лигата на шампионите против Вилјареал, Араухо беше запрашан дали одлучил дефинитивно да ја напушти Барселона или не.

„Сѐ уште е многу рано да се зборува за овие прашања. Само се обидувам да уживам секој ден, да продолжам да се развивам и да се подобрувам секојдневно за да добијам самодоверба. Исклучително сум среќен што сум тука, а и моето семејство е среќно“, изјави Араухо.

Говорејќи за својот почеток со англискиот тим, Араухо рече: „Искрено, сум воодушевен. Знаев колку е голем Ливерпул, но кога ќе пристигнеш овде и ќе ги видиш димензиите на овој клуб, инфраструктурата и навивачите, сфаќаш дека си во гигантски клуб. Исклучително сум среќен, бидејќи откако пристигнав сум прифатен чудесно и третиран како секој друг играч во тимот, не само од страна на клубските лица, туку и од навивачите.“

Да се потсетиме дека Ливерпул има право на трајна откупна опција за Араухо на крајот од тековната сезона за 55 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.