Фудбал
Ќе се заледите кога ќе ја видите сумата, еве зошто Мбапе ќе игра во Реал Мадрид за помала плата од ПСЖ, има „мала“ тајна!
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе конечно и официјално беше претставен во Реал Мадрид. На стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го пречекаа повеќе од 85.000 навивачи, а го претстави претседателот на клубот Флорентино Перез кој буквално беше опседнат да го доведе.
Перез со години се обидуваше да го ангажира Мбапе и веќе беше блиску летото 2022 година, кога се беше договорено, но дојде до пресврт кога шеиците од Катар успеа со сите средства да го задржи брзоногиот напаѓач во Пари Сен Жермен.. Перез повторно тропна на вратата на Мбапе, што вообичаено никогаш не го прави, но веднаш најави дека може да заборави на условите за кои се договориле минатиот пат. Мбапе мораше да се согласи на намалување на платата бидејќи Реал Мадрид сигурно нема да го повика по трет пат, но не може да се каже дека лошо помина.
Како што пишува шпанска „Марка“, Мбапе пристигнал без обештетување од Пари Сен Жермен и поради тоа добил голем бонус во опсег од 100 до 115 милиони евра, кој ќе биде исплатен во текот на петте години од договорот.
Тој ќе заработува 15 милиони евра по сезона (по оданочување), што автоматски нема да го направи најплатен играч во тимот досега. Во Реал Мадрид внимаваа да не ја нарушат ситуацијата во соблекувалната и така дојдоа до компромисно решение. Иако платата на Мбапе ќе биде иста со останатите водечки играчи на тимот, тој ќе добие и бонус за „права на имиџ“. Поточно, добивката од 60 до 80 отсто од производите со неговото име и лик ќе оди на сметката на Мбапе.
Реал Мадрид ретко се откажува од овие работи, но во случајот со францускиот напаѓач направи исклучок. Исто така, има бонус за освојување на „Златната топка“ како и за други индивидуални и тимски достигнувања, што значи дека платата на Мбапе зависи пред се од тоа како игра.