SportM
Фудбал

Ќе заминат ова лето, двајцата играчи нема да патуваат со Барселона за денешниот пријателски натпревар во Италија

SPORTM.mk8 авг 2026
Ќе заминат ова лето, двајцата играчи нема да патуваат со Барселона за денешниот пријателски натпревар во Италија

Марк Касадо и Руне Барџи нема да патуваат за Удине со тимот на Барселона за да играат оваа сабота на трилатералниот турнир против Удинезе и Нотингем Форест.

Според информациите на Мундо Депортиво, Барселона повторно ги отворила разговорите со Ал-Хилал за можен трансфер на играчот од средниот ред кон Саудиска Арабија. За време на месецот јули, Барселона ја одби официјалната понуда од саудискиот клуб за Касадо, која беше помала од 30 милиони евра. Каталонскиот клуб бара 40 милиони евра.

И шведскиот Руне Барџи ќе замине ова лето, бидејќи не е во плановите на тренерот Ханси Флик. За разлика од Касадо за кого се дискутира конечна продажба, за Барџи Барселона е отворена и за можноста за заем со право на откуп.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.