SportM
Фудбал

Кејн не ја крие амбицијата за „Златната топка“: Направив се што можев, но не е во мои раце…

SPORTM.mk18 авг 2026
Кејн не ја крие амбицијата за „Златната топка“: Направив се што можев, но не е во мои раце…

Минатата сезона беше исклучителна за Хари Кејн, кој постигна 61 гол во 51 натпревар со Баерн Минхен, освојувајќи три трофеи: Бундеслигата, Купот на Германија и Суперкупот на Германија.

Статистиките го прават Англичанецот еден од главните кандидати за освојување на „Златната топка“ за оваа година. Самиот Хари Кејн не ја крие амбицијата за овој индивидуален трофеј, но е свесен дека не е во негови раце.

„Тоа е најголемата награда што можеш да ја добиеш, иако не е во моите раце. Направив се што можев во однос на изведбата. Секако, би било фантастично ако се случи, но сè уште има два до три месеци додека да се донесе одлука“, изјави Кејн во една неодамнешна интервју.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.