SportM
Фудбал

Кaрик: Не станува збор за мојата иднина, неприфатливо е Јунајтед да игра на овој начин

SPORTM.mk22 окт 2026
Кaрик: Не станува збор за мојата иднина, неприфатливо е Јунајтед да игра на овој начин

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, остро реагираше по поразот од 1-4 против Комо во Лигата на шампиони. „Навистина сум лут. Да се игра на тој начин е неприфатливо“, изјави англискиот тренер.

И покрај сè што Јунајтед направи грешно за време на натпреварот, пристапот на играчите беше истакнат во неговата проценка по натпреварот.

„Секако дека ќе анализираме што направивме како технички штаб или дали станува збор за мотивација, целта, интензитетот што треба да го прикажеш на фудбалски натпревар. Овој пат тоа не го покажавме“, рече Карик.

Понатаму, тој објасни: „Не можеш да го вклучиш и исклучиш ангажманот по желба. Не можеш да одбираш кога сакаш да играш добро, а кога не, или кога да дадеш сè од себе и кога можеби не“.

Керик им се извини на навивачите на Јунајтед кои патувале за да ја следат екипата: „Не беше прашање на голови. Беше начинот на кој игравме, беше тешко да се гледа“.

За својата иднина, која е сè повеќе во дилема, тој рече: „Сега засега, не станува збор за мене. Резултатите може да доаѓаат и да одат, но мора да се игра на определен начин. Она што го видовме денес не беше такво“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.