SportM
Фудбал

Керик: Победата во Лигата на шампионите е охрабрувачка

SPORTM.mk11 сеп 2026
Керик: Победата во Лигата на шампионите е охрабрувачка

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, на прес-конференцијата по победата од 4-0 против Сабах, во првиот натпревар на Лигата на шампионите за оваа сезона, изјави дека 3-те поени беа единствениот резултат кој го посакуваа на овој дебитански натпревар.

Мислам дека постигнавме она што го посакувавме: добра изведба, како на индивидуално ниво така и колективно за време на целиот натпревар. Како од играчите што го започнаа натпреварот, така и од оние што влегоа како замени”, изјави англискиот тренер на ‘црвените ѓаволи’.

Понатаму, Керик изјави: “Го задржавме голот непокорен, постигнавме голови и игравме возбудлив фудбал. Една одлична вечер во секој аспект. Како тим, направивме многу работи како што треба и тоа е причината зошто сме ентузијасти за тоа што ќе го донесе сезоната”.

“За мене, оваа победа е навистина охрабрувачка. Што се однесува до резултатите, немавме почеток каков што посакувавме во првенството. Но, што се однесува до играта, покажавме многу од оние работи кои ги бараме”, коментираше тренерот на Манчестер Јунајтед.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.