Кевин Де Брујне: Моите достигнувања во Манчестер Сити нема да бидат нарушени ако клубот биде казнет

Кевин Кевин Де Брујне инсистира дека неговите достигнувања нема да бидат нарушени иако на Манчестер Сити му се одземат освоените титули. Англискиот клуб е прогласен за виновен за тешки прекршувања на финансиските прописи на Премиер лигата.
Белгиецот освои бројни трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и една Лига на шампиони, за време на извонредниот 10-годишен период во Сити, кој заврши кога тој се пресели во Наполи во 2025 година.
Меѓу казните со кои може да се соочи Сити е одземање на некои од освоените трофеи. Кевин Де Брујне, кој има 35 години, останува горд на својот придонес во тие триумфи и ја задржува својата голема љубов кон сопствениците на клубот.
Белгиецот денес се враќа на стадионот „Етихад“ за натпреварот помеѓу Наполи и Сити во Лигата на шампионите. Тој изјави на прес-конференција: „Горд сум на она што го постигнав како фудбалер и, искрено, ова е мојот клуб; ги сакам сопствениците.”
„Дури и разговарав со претседателот околу тоа како може да се купи клуб. Имам само љубов кон овој клуб, чувство кое никогаш нема да се промени, со оглед на тоа како луѓето таму ме третираа мене и моето семејство за 10 години“, кажа Белгиецот.
Понатаму, тој додаде: „Во животот постојат правила, но сите играат на границите на дозволеното. Јас играв внатре во белите линии, се натпреварував против други играчи и доживеав многу работи со моите екипи и со другите играчи. Тоа е она што го ценам најмногу.”
„Дадов сè од себе и тоа нема да се промени во мојот ум. Не верувам дека многу луѓе ќе го променат своето мислење за мене како играч или за начинот на кој игравме”, рече Кевин Де Брујне.
„Сепак, претпоставувам дека секој има свое мислење. Другите можат да се почувствуваат некако „засрамени“, но јас не можам да променам ништо во врска со тоа“, заврши Белгиецот.



