Connect with us

Кошарка

КФСМ ќе се преименува во Македонска кошаркарска федерација

Раководното тело на македонската кошарка ќе отпочне процедура за менување на називот од Кошаркарска федерација на Северна Македонија (КФСМ) во Македонска кошаркарска федерација.

Ова, како што е соопштено денеска, е одлучено на последната седница на Управниот одбор на КФСМ на која членовите едногласно ја прифатиле иницијативата на новото раководство за промена на називот на Федерацијата.

„Предлогот наиде на позитивни размислувања од страна на присутните членови кои едногласно се согласија да се отпочне процедура за менување на името во Македонска кошаркарска федерација“, се наведува во соопштението.

Донесена е и одлука за намалување на бројот на екипи во Првата македонска машка кошаркарска лига на десет екипи од натпреварувачката сезона 2026/27, а од следната сезона се воведува правило за задолжителен настап на двајца домашни кошаркари во прволигашките екипи.