Connect with us

Фудбал

Килијан Мбапе со скршен нос, но подготвен за продолжување на Европското првенство

Килијан Мбапе го скрши носот за време на натпреварот против Австрија и мораше порано да го напушти теренот. Иако првичните прогнози беа загрижувачки, лекарскиот тим на Франција и самиот фудбалер излегоа со смирувачки пораки.

Мбапе се соочува со непријатна фрактура, но е подготвен да ризикува и со скршеница да го доигра Европското првенство, по што би направил хируршки зафат за целосно решавање на проблемот. Селекторот Дидие Дешамп откри дека Мбапе ќе мора да направи операција по крајот на турнирот во Германија, а наредните неколку дена ќе покажат дали ќе биде достапен за следните два меча во групната фаза.

Лекарскиот тим на Франција ќе донесе одлука дали Мбапе е подготвен за настап, но според објавата на самиот фудбалер на социјалните мрежи, јасно е дека тој ќе направи се за да се најде на теренот.

– Нема победи без ризик, – порача Мбапе, покажувајќи ја својата решителност и посветеност.

View this post on Instagram

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)