SportM
Фудбал

Киву по пријателското дерби против Милан: Резултатот не ни е многу важен

SPORTM.mk6 авг 2026
Киву по пријателското дерби против Милан: Резултатот не ни е многу важен

„Гледам напредок, момците се многу ангажирани и овие денови напорно работевме. Во овој момент не ни се многу важни резултатите од натпреварите кои ги играме, туку сакаме да направиме добра работа и пред сè да се подобриме физички“. Ова беше оценката на тренерот на Интер, Кристијан Киву, по ремито на пријателското дерби против Милан, одиграно во Перт.

© Getty Images

„Некои играчи имаа добри минути и задоволни сме со квалитетот што го покажаа, иако сè уште не се во најдобра форма и уште им се тешки нозете, – призна Киву. – На почетокот на натпреварот имавме малку тешкотии да ги покриеме просторите, направивме неколку грешки повеќе во циркулацијата на топката и излегувањето од одбрана, бевме мало пребрзи за да ги направиме работите како треба.

© Getty Images

Сепак, треба да се оцени и противникот, кој не натера на тешкотии со својот притисок. Со минување на минутите се зголемивме, најдовме повеќе начини за да излеземе напред и мислам дека одигравме доста добро“.

© Getty Images © Getty Images © Getty Images © Getty Images © Getty Images © Getty Images

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.