Клуб од Серија А лошо го започна сезоната и бара нов тренер, во игра се Пиоли и Мота
SPORTM.mk15 сеп 2026

Болоња лошо ја започна оваа сезона, освојувајќи само еден бод во првите четири кола. Во оваа ситуација, управата на Болоња размислува за отпуштање на Доменико Тедеско и назначување на нов тренер.
На листата се два познати имиња, Стефано Пиоли и Тијаго Мота. И двајцата претходно ја воделе Болоња во својата тренерска кариера и ова би било нивно враќање.
Пиоли е слободен по отпуштањето од клупата на Фиорентина на почетокот на минатата сезона. Мота е „на пауза“ од март 2025 година, кога беше отпуштен од Јувентус.
Следниот натпревар за Болоња ќе биде дома против Торино. Доколку не се оствари позитивен резултат и на овој натпревар, отпуштањето на Тедеско е сигурно.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



