SportM
Фудбал

Кога би преминал во Реал Мадрид, би бил најголемиот предавник во фудбалот. Барса беше сон

SPORTM.mk27 сеп 2026
Кога би преминал во Реал Мадрид, би бил најголемиот предавник во фудбалот. Барса беше сон

Во неодамнешно интервју за АС, пред денешниот натпревар против Норвешка, Жоао Феликс ја изрази желбата да се врати во Европа и раскажа за убавите спомени кои ги има од позајмицата во Барселона.

„Имам многу убави спомени. На крај, не успеавме да освоиме ништо, но самиот факт дека играв за Барселона ме направи многу среќен. Природно, да си на позајмица не е исто како да си играч со постојан договор. Да си играч на клубот е различно. Многу сум среќен што ја носев дресот на Барса, која беше детски сон за мене, мојот татко и брат ми. Беше чест“, рече Жоао Феликс.

Запрашан за можниот трансфер во Реал Мадрид, Жоао Феликс беше многу јасен со својот одговор. „Би бил најголемиот предавник во фудбалот. Не, не, не. Навистина уживав во времето во Барселона“, додаде Португалецот.

Да потсетиме дека Жоао Феликс играше една сезона за Барселона 2023/2024, каде постигна 10 голови и даде 6 асистенции во 44 натпревари во сите натпреварувања.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.