Кој ќе го носи дресот со број 10 на Аргентина по заминувањето на Меси?

Кој ќе го носи дресот со број 10 за аргентинската репрезентација? Ова е една од најмногу дискутираните теми пред почетокот на новата ера, бидејќи наредните натпревари ќе бидат први без Лионел Меси.
Меѓу играчите на репрезентацијата кои предложија можен наследник е Џулијано Симеоне. Тој е убеден дека оваа чест и одговорност треба да му припадне на Хулијан Алварез, неговиот клупски соиграч во Атлетико Мадрид.
Напаѓачот јавно ја изрази поддршката за својот соиграч. „Доколку Хулијан се чувствува спремен да го носи бројот 10 во репрезентацијата, тоа би му стоело одлично. Тој ги има сите квалитети за тоа,“ изјави Џулијано Симеоне за ESPN.
„Хулијан е извонреден играч со големи квалитети. Тој ја вклучува целата екипа во играта, работи напорно во одбраната и постигнува голови. Тој е комплетен играч. Не би бил изненаден ако токму тој го носи тој дрес,“ додаде Симеоне.



